Доне Мајнов ќе го предводи тимот на Тинекс Пролет

Доне Мајнов ќе биде предводник на Тинекс Пролет на стартот од втората полусезона од Супер лигата, откако ракометарот со најголем стаж во клубот реши да ја заврши играчката кариера.

Очекувано, цел на сите во клубот беше Мајнов да остане дел од Тинекс Пролет, а по кратки разговори беше најден заеднички јазик, тој во наредниот период да седне на клупата и токму во клубот каде мина најдолго време како играч, сега да ја стартува и тренерската кариера.

Доне Мајнов го носеше дресот на Тинекс Пролет уште од 2012 година, беше дел и од екипата што го освои третото место во Супер-лигата (најдобар пласман од осамостојувањето на Македонија), како и од тимот што потоа на гостински терен славеше на еден од двата меча со славниот шпански клуб Грањолерс.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *