Дониран приходот во “СОС Детско Село” од хуманитарниот натпревар

Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) го донираше приходот од хуманитарниот натпревар во “СОС Детско Село”.

Вкупниот износ кој е собран од продажбата на билети за хуманитарниот ракометно музички спектакл изнесува 1,372,550 денари.

“Вкупниот износ кој е собран од продажбата на билети за хуманитарниот ракометно музички спектакл одржан на 3 јануари 2023 година во организација на Ракометната федерација на Македонија, изнесува 1,372,550 денари, која сума ќе биде донирана на организацијата „СОС Детско село“. „Сите Ѕвезди за СОС Детско село“ го славеше ракометот, го славеше спортот. Победи човечноста и хуманоста. Заедно покажавме дека македонската нација е хумана, а спортот има посебна моќ да нѐ вивне во височините и да ни пружи уникатна доза на среќа. Сакајте го и негувајте го македонскиот спорт!” – изјавија од РФМ.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести