Драгана Ристова која има 39 години ќе го води тимот на Куманово во новата сезона, таа доаѓа од тимот на Вардар.
Драгана е поранешна репрезентативка на Македонија и има настапувано во РК Скопје, РК Ѓорче Петров, ЖРК Металург, ЖРК Будуќност Подгорица (клуб со кој го има освоено Купот на победниците на куповите) , а играчката кариера ја заврши во ЖРК Вардар, каде што подоцна ја започна тренерската работа.
Изминатите неколку сезони успешно го водеше првиот тим на ЖРК Вардар. Ристова е носител на мастер тренерска лиценца.
Со Драгана во стручниот штаб уште ќе бидат Сашо Божиновски-тренер на голмани, Славиша Димитријески-помошен тренер и Воја Ангеловски физиотерапевт.
(фото-ЖРК Куманово)📷