Екипата на Црвена Звезда за нов претседател на клубот го назначи легендата на клубот Драган Шкрбиќ кој претходната година беше во управниот одбор, а сега е во нова улога во тимот.
“Сакам да ве поздравам сите, претставници на медиумите, пријатели на клубот, членови на Управниот одбор. Ви благодарам што дојдовте. Не морам да истакнувам колку ми значи ова, колку ми значи и колку сум среќен што сум претседател на клубот за кој навивам, во кој ги поминав најдобрите играчки години, во кои уживав играјќи ракометот. Тоа е голема чест и јас сум исклучително возбуден, имам голема одговорност и се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата”, – изјави Драган Шкрбиќ.


(фото-Рк Црвена Звезда)📷