Драган Шољиќ потпиша за Бутел Скопје

Тимот на Бутел Скопје почна да го составува играчкиот мозаик за следната натпреварувачка сезона во Супер лигата. Прво засилување за составот ќе биде босанскиот репрезентативец Драган Шољиќ.

Тој настапува на позицијата кружен напаѓач и доаѓа од Асобал лигата од тимот на Нава, откако претходно играше уште две сезони во Шпанија. Шољиќ потекнува од Зрињски Мостар, во 2018 година се пресели во Извиѓач Љубушки со кој освои три дупли круни.

Пивотот се обврза на договор од една сезона со можност истиот да биде продолжен на уште една ако двете страни се задоволни од соработката.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести