Драган Ѓукиќ кој е поранешен селектор на Македонија и тренер на Вардар во новата сезона ќе има нов предизвик во својата тренерска кариера.
Тој ќе ја предводи машката сениорска репрезентација на Израел. Претходно Ѓукиќ го водеше Израел од 2012 до 2015 година, а ги водеше и репрезентациите на Велика Британија, Македонија, Црна Гора, Јордан и Швајцарија.
На клупско ниво како тренер работеше во Вардар, Пик Сегед, Татабања, ЦСМ Букурешт и Одорхеи.

(фото-Ракометна Федерација на Израел)📷