Екипите на Драчево и Аеродром одиграа нерешено со резултат 26-26 во натпревар од Првата лига.
Во првото полувреме Аеродром имаше предност од 14-13. Во второто полувреме беше неизвесно, но на крај беше досуден пенал за Драчево, за реми на натпреварот со Аеродром.
Најефикасен во екипата на Драчево беше Ѓорѓи Дука со 9 гола, додека кај екипата на Аеродром најефикасен беше Филип Пајкоски со 6 гола.
(фото-Рк Драчево)📷