Екипата на Драчево ги освои трите бода, откако го совлада тимот на Астраион со резултат 35-28 во натпревар од Првата лига.
Од почетокот на натпреварот Драчево имаше контрола на резултатот, па на пауза замина со предност од 19-13. Во второто полувреме Драчево ги обезбеди и трите бодови против Астраион.
Најефикасен во тимот на Драчево беше Ѓорѓи Дука со девет гола, додека кај екипата на Астраион најефикасен беше Васе Наков со 13 гола.
(фото – Рк Драчево)📷








