Екипата на Драчево оствари убедлива победа против ракометарите на Борец, откако славеа со високи 54-19.
Победата на Драчево беше обезбедена уште во првото полувреме, кога на пауза тимот имаше високи 25-9.
Најефикасен во тимот на Драчево беше Филип Дабевски со 15 гола, додека кај екипата на Борец најефикасен беше Леон Ристов со 8 гола.
(фото – Рк Драчево)📷