Драчево лесно се справи со Преспа

Екипата на Драчево забележа лесна победа против тимот на Преспа 2015 со резултат 45-22 во Првата лига.

Драчево од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот. Во второто полувреме Драчево ја зголемуваше предноста, па на крај да слави висока победа против Преспа 2015.

Најефикасен кај екипата на Драчево беше Ѓорѓи Дука со десет голови, додека кај екипата на Преспа 2015 најефикасен беше Били Мишевски со пет голови.

(фото – Рк Драчево)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести