Ракометарите на Драчево славеа на гостувањето во Струмица, кај екипата на Астраион со конечен резултат 42-21 во Првата лига.
Драчево ја оправда фаворитската улога, која ја имаше во текот на целиот натпревар, па лесно забележа победа против Астраион.
Најефикасен во редовите на Драчево беше Бобан Ристовски со 12 голови, додека кај екипата на Астраион најефикасен беше Александар Цонев со 5 голови.
(фото – Рк Драчево)📷