Ракометарите на Драчево остварија победа против екипата на Македонија Ѓорче Петров со 41-32 во натпревар од плеј-офот од Првата лига.
Тимот на Драчево од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така немаше проблеми околу победа против Македонија Ѓорче Петров.
Најефикасен кај Драчево беше Ѓорѓи Дука со десет гола, додека кај Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Мартин Бучуковски со седум гола.
(фото – Рк Драчево)📷