Екипата на Драчево продолжува со победите во Првата лига, откако триумфираше против тимот на Текстилец со 36-16.
Драчево победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше предност од 16-7.
Најефикасен во тимот на Драчево беше Димитар Петковски со десет гола, додека кај екипата на Текстилец најефикасен беше Марјан Сарашов со пет гола.
(фото – Рк Драчево)📷