Ракометарите на Драчево забележаа победа на гостувањето кај екипата на Текстилец со резултат 35-28 во Првата лига.
Составот на Драчево во текот на целиот натпревар имаше добра игра, па на крај успеа да го совлада Текстилец.
Најефикасен во редовите на Драчево беше Ѓорѓи Дука со десет погодоци, додека кај Текстилец најефикасен беше Јован Атанасовски со седум гола.
(фото – Рк Драчево)📷