Драчево подобар од Вардар Неготино во дербито

Ракометарите на Драчево забележаа победа на домашен терен против Вардар Неготино со конечни 27-25 во Првата лига.

Драчево на полувреме имаше предност од 13-12. Во вториот дел продлжи добрата игра на Драчево за на крај да слави победа против Вардар Неготино.

Најефикасен во екипата на Драчево беше Александар Димовски со девет погодоци, додека кај екипата на Вардар Неготино најефикасен беше Ѓорѓи Ташев со девет погодоци.

(фото-Рк Драчево)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.