Екипата на Драчево забележа победа на тешкото гостување кај екипата на Текстилец со 36-32.
На полувреме беше нерешено со 17-17. Во второто полувреме Драчево успеа да го преземи водството, и на крај да слави против Текстилец.
Најефикасни во редовите на Драчево беа Ѓорѓи Дука, Димитар Петковски и Илија Димов со по седум гола, додека кај Текстилец најефикасен беше Дарио Јорданов со девет гола.
(фото – Рк Драчево)📷