Екипата на Драчево со победа над екипата на Партизан Гевгелија (40-37) го заврши есенскиот дел во Првата лига.
Драчево имаше контрола на резултатот во првото полувреме, и имаше водство на полувремето од 20-18. Во вториот дел од натпреварот продолжи добрата игра на гостинската екипа и избори нови три бода и нова победа во Првата лига.
Најефикасен во екипата на Драчево беше Петковски со 12 погодоци, додека кај екипата на Партизан Гевгелија најефикасен беше Тодор Узунчев со 15 погодоци.
Рк Партизан Гевгелија 37-40 Рк Драчево
(фото-Рк Драчево)📷