Екипата на Драчево забележа победа на гостувањето кај екипата на Овче Поле со резултат 38-32 во 4. коло од плеј-офот од Првата лига.
На полувреме беше нерешено со резултат 14-14. Во второто полувреме Драчево го презеде водството, па на крај да слави против Овче Поле.
Најефикасен во редовите на Драчево беше Филип Дабевски со седум гола, додека кај Овче Поле најефикасен беше Димитар Минов со 15 гола.
(фото – Рк Драчево)📷