Составот на Драчево забележа убедлива победа против тимот на Шампион со високи 44-28 во натпревар од плеј-офот во Првата лига.
Драчево победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на пауза замина со високи 22-13. Второто полувреме беше само формалност тимот на Драчево да ја завери победата против Шампион.
Најефикасен во тимот на Драчево беше Димитар Петковски со 13 погодоци, додека кај екипата на Шампион најефикасен беше Живко Петровски со 8 погодоци.
(фото – Рк Драчево)📷