Екипата на Драчево го совлада тимот на Голден Арт 2 со конечен резултат 26-23 во натпревар од Првата лига.
Во првото полувреме беше неизвесно и драматично, па така двете екипи на полувреме заминаа со нерешен резултат од 12-12. Во второто полувреме екипата на Драчево со добар напад и добра одбрана успеа да триумфира против Голден Арт 2.
Најефикасен во тимот на Драчево беше Ѓорѓи Дука со шест гола, додека кај екипата на Голден Арт 2 најефикасен беше Кристијан Стаменковиќ исто така со шест гола.
(фото – Рк Драчево)📷