Екипата на Драчево ја совлада Преспа Вардар со 36-23 во заостанатиот натпревар од 11. коло од Првата лига.
Драчево од почетокот на натпреварот ја презеде контролата, па така на крајот успеа да триумфира против Преспа Вардар.
Најефикасен кај Драчево беше Филип Дабевски со девет гола, додека кај екипата на Преспа Вардар најефикасен беше Александар Филиповски со седум гола.
(фото – Рк Драчево)📷