Екипата на Драчево Јуниор забележа победа на гостински терен против екипата на Текстилец со конечни 31-25 во натпревар од Првата лига.
Составот на Текстилец имаше водство на полувреме од 14-13. Во второто полувреме Драчево Јуниор со добра игра го презеде водството и на крај славеше победа.
Најефикасен во редовите на Драчево Јуниор беше Михаил Цветановски со 11 погодоци, додека кај Текстилец најефикасни беа Филип Џинес и Јован Атанасовски со по 7 погодоци.
(фото – Рк Драчево Јуниор)📷








