Екипата на Драчево Јуниор забележа висока и убедлива победа против екипата на Партизан Гевгелија со резултат 47-24 во Првата лига.
Составот на Драчево Јуниор имаше високо водство во текот на целиот натпревар, па на крај заслужено да слави против Партизан Гевгелија.
Најефикасен во редовите на Драчево Јуниор беше Михаил Цветановски со осум гола, додека кај Партизан Гевгелија најефикасен беше Јован Гетов со пет гола.
(фото – Рк Драчево Јуниор)📷








