Државни признанија за најдобрите спортисти (ФОТО)

Во свечена и достоинствена атмосфера беа доделени националните признанија за најуспешните македонски спортисти, кои со своите достигнувања оставиле длабок белег во спортската историја на нашата земја.

Признанијата ги доделија Министерот за спорт Борко Ристовски и Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, како знак на благодарност и признание за извонредните резултати и посветеноста на овие врвни спортисти.

Спортистите кои добијаа признанија се: Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Владо Недановски, Петар Ангелов, Марко Кизиќ, Марко Мишевски, Мартин Поповски, Валентина Радуловиќ, Елена Ѓорѓиевска, Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Милева Велкова, Анжела Платон, Лариса Кисељова, Елена Златановска Муратовска и Клара Боева.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *