Екипата на Дубочица го освои првото место на турнирот “Миле Нешкоски” што се одржа во Прилеп, откако во финалето го совлада Мулти Есенс со 35-21.
Домаќинот Прилеп го освои третото место, односно бронзата, откако триумфираше против Еурофарм Пелистер 2 со конечни 29-24.
Во натпреварот за 5. место Кокс беше подобар од Струга со резултат 25-22, додека 7. место го освои Тинекс Пролет, откако славеше против Скопје 2020 со конечни 27-23.

(фото – Рк Прилеп)📷