Од следната недела во продажба ќе бидат сезонските билети за цела ракометна сезона на двата битолски клуба.
Со еден билет можете да ги гледате Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 во Супер лигата, Купот на Македонија, СЕХА Гаспром лигата и ЕХФ Лига Европа.
Цената на тој сезонски билет кој ви гарантира седиште во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола изнесува 4.500 денари.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷