Ракометарката Едуарда Аморим Талеска го раскина договорот со рускиот тим Ростов Дон, објавија на официјалната страница од клубот дека договорот е спогодбено раскинат од двете страни.
“Поминав одлично време во Ростов Дон, а заминувањето од клубот не беше лесна одлука. Ова е мојата последна сезона во кариерата, а сонував дека заедно ќе стигнеме до финалето на Лигата на шампионите. Но, има работи кои не можеме да ги контролираме. Сакам да им се заблагодарам на клубот и на навивачите за поддршката и сите среќни моменти. Посакувам се најдобро,”— сподели бразилската ракометарка.

(фото – ЖРК Ростов Дон)📷