Екипата на Аеродром, која во новата сезона за прв пат ќе игра во Супер лигата, натпреварите ќе ги игра во салата “Јане Сандански” во Општина Аеродром.
Сите младински категории на Аеродром ќе ги играат натпреварите во салата “Јане Сандански”. Аеродром претходно натпреварите ги играше во салата “Автокоманда”.
Тимот подготовките за новата сезона ќе ги стартува на 4 август, каде ќе бидат промовирани и новите засилувања за Супер лигата.
(извор – 24Ракомет)
(фото – Рк Аеродром)📷