Екипата на Аеродром, која вложува во младите категории потпиша соработка со екипата на Нови Београд од Србија.
Имено, станува збор за клуб кој брои повеќе од 1200 млади ракометари и ракометарки со кои работат преку 20 стручно образовани тренери. Исто така, Нови Београд е организатор на популарниот летен турнир за младински категории NEW BELGRADE SUMMER CUP, на кој учество земаат преку 100 машки и женски клубови ширум Европа.
Договорот за соработка содржи: размена на искуства и имплементирање на новитети во делот на организирање на активностите, 8 пријателски натпревари (дома-гости), за сезона 2024/2025, заедничка организација на летен/зимски камп, за сезона 2025/2026, учество на турнири, размена на играчи и тренери за време на летен/зимски период.
“Една од целите во програмата на РК АЕРОДРОМ е унапредување и продлабочување на соработката со други ракометни клубови. Во периодот што следи со задоволство ќе ја информираме јавноста за неколку потпишани договори со ракометни клубови од нашата држава и пошироко”, – изјавија од Рк Аеродром.
(фото – Рк Аеродром)📷