Ракометарите на Бутел Скопје ги започнаа подготовките за новата сезона. Тренерот Горан Кузманоски доби асистент во името на Стефан Стојановски, а на првиот тренинг присуствуваа пет од осумте нови засилувања.
Бутел Скопје ќе тренира во салата „Антон Димитров“, а ќе одигра осум натпревари пред официјалниот старт на Супер лигата. Најпрво две средби со Вардар 1961, потоа со Врање и Куманово, како и два меча во Србија. Кон крајот на август, ракометарите ќе играат на меморијалнот турнир во Ѓаково, кој се игра во чест на Денис Тот.
Екипата на Бутел Скопје се засили со пивотите Драган Шољиќ и Матеј Новаковски, левите бекови Хусеин Кадах, Теодор Тодески и Тодор Узунчев, средниот бек Леонид Киселовски, како и десните бекови Мартин Петровски и Димитар Узунчев.
Одмор од една недела добија младинските репрезентативци – Дејан Михајловиќ, Дамјан Субашевски и браќата Узунчеви, кои ќе се приклучат на тренинзите на почетокот на август.
(фото – Рк Бутел Скопје)📷