Екипата на Бутел Скопје почна да го гради ростерот за наредната сезона, откако го продолжи договорот со десното крило Бојан Спасовски.
Бојан Спасовски го продолжи договорот на две сезони, на десната крилна позиција тој ја дели минутажата со Златко Мојсоски.
“Задоволен сум што го продолжив договорот со Бутел Скопје и што понатаму ќе го носам дресот на овој клуб. За мене како млад играч од особено значење е можноста што ја добивам во Бутел Скопје да напредувам како ракометар. Тука ги имам сите услови за тоа и се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата на тренерот и управата”, – изјави Бојан Спасовски.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷