Тимот на Бутел Скопје ќе има настап на силен меѓународен турнир како дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната во Супер лигата.
Бутел Скопје ќе биде дел од меморијалниот турнир „Горан Ченгиќ“ во Сараево што ќе се игра од 17 до 19 јануари во главниот град на Босна и Херцеговина.
Бутел Скопје ќе биде во групата А со екипите на Босна Сараево од Босна и Херцеговина, Марибор Браник од Словенија и Рудар Пљевља од Црна Гора.
Во групата Б ќе бидат екипите на Депсас од Турција, Ловќен од Црна Гора, Дубровник од Хрватска и Вогошча од Босна и Херцеговина.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷