podgotovki rk vardar

Екипата на Вардар ги започна подготовките за пролетниот дел со новиот тренер Давид Дејвис

Тимот на Вардар 1961 ги започна подготовките за пролетниот дел, со новиот тренер Давид Дејвис Камара.

На тренингот присуствуваа тие играчи што немаат обврски со репрезентациите, а останатите што имаат ќе се приклучат по завршување на Европското првенство.

Дејвис седнува на тренерската клупа на Вардар, но тој веќе беше дел од тимот и како помошник освои европска шампионска круна, титула во СЕХА лигата и двојна круна во домашното првенство. Сега ќе биде прв тренер и ќе го подготвува тимот за настап на три фронта: во ЛШ, во СЕХА лигата и во домашното првенство.

Тимот останува во Скопје до одигрување на првите официјални натпревари, кои според сегашниот план би требало на бидат на почетокот на февруари. 

(фото-Денис Дуковски/Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести