Екипата на Вардар 1961 на 17 јули ги започнува подготовките за новата сезона

Подготовките за новата сезона ракометарите на Вардар 1961 ќе ги почнат на 17 јули во Скопје, за кога е закажан и првиот собир на тимот.

Според планот на стручниот штаб десет дена ќе се работи во салата во СЦ „Јане Сандански“. Потоа се заминува на планина, во Маврово каде ќе се одвива вториот дел од подготовките.

Подготовките во Маврово ќе бидат одработени во периодот од 26 јули до 3 август, по што екипата се враќа во Скопје.

Досега е сигурно дека екипата ќе учествува на два турнири, во Струга од 14 до 17 август, и во Охрид од 20 до 24 август.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.