Тимот на Веспрем за следната сезона претстави нови четири засилувања. Станува збор за египетскиот среден бек Јахија Елдера, белоруското десно крило Никита Вајлупов, средниот бек унгарецот Герго Фазекаш и србинот кој игра на позиција пикер Драган Печмалбек.
Јахја Елдера се обврза на двегодишна соработка до 2024 година, Драган Печмалбек се обврза на тригодишна соработка до 2025 година, Никита Вајлупов и тој се обврза на двегодишна соработка до 2024 година, додека Герго Фазекаш потпиша договор на четири сезони до 2026 година.
Со овие четири засилувања Веспрем за следната сезона ќе има конкурентен тим.




(фото-Рк Веспрем)