Екипата на Вецлар се засили со голманот Генадиј Комок

Германскиот тим Вецлар се засили со голман од Украина, кој доаѓа од екипата на Мотор Запорожје.

Станува збор за 34 годишниот голман Генадиј Комок кој пристигнува од Мотор Запорожје на позајмица до крајот на сезоната.

“Многу сум среќен и благодарен за понудата од Вецлар. Ќе дадам се од себе во следните три месеци за да му помогнам на тимот да ги постигне своите цели и со нетрпение очекувам да го одиграм мојот прв натпревар во навистина одличната Будерус Арена”, – изјави Генадиј Комок.

(фото-Рк Вецлар)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести