Екипата на Деспина, која во новата сезона во Женската Супер лига ќе настапи со нов тренер, а тоа е Адријано Котевски ги стартуваше подготовките.
Тимот на Деспина подготовките ги стартуваше во салата “Ристе Ристески – Ричко”, а приоритет ќе биде да се направи добра база на ракометарки.
Составот на Деспина е истиот од лани. Исто така тимот ќе одигра неколку пријателски натпревари до почетокот на Женската Супер лига.
(фото – ЖРК Деспина)📷