Екипата на Драчево ги освои бодовите против Голден Арт 2

Екипата на Драчево ги освои бодовите против Голден Арт 2, откако на домашен терен славеше со резултат 35-33.

Драчево имаше контрола на резултатот, па на пауза замина со предност од 17-16. Во второто полувреме Драчево продолжи со добрата игра, за на крај да слави против Голден Арт 2.

Најефикасен кај екипата на Драчево беше Ѓорѓи Дука со 11 гола, додека кај екипата на Голден Арт 2 најефикасен беше Кристијан Стаменковиќ со 10 гола.

(фото-Рк Драчево)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.