Екипата на Еурофарм Пелистер 2 ги започна подготовките за новата сезона (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2, под водство на новиот тренер Александар Зарков, денес ги започнаа подготовките за новата сезона. Со работен состанок и прв тренинг во спортската сала „Боро Чурлевски“ започна мисијата за враќање во Супер лигата.

Присутни ракометари на стартот на подготовките на Еурофарм Пелистер 2: Мартин Јовановски, Иван Младеновски, Валентино Штаковски, Иван Димитровски, Христијан Митревски, Петар Маркоски, Мирче Калајџиевски, Ненад Белистојаноски, Стефан Дрогришки, Дамјан Наумовски, Дејан Југовски, Симон Мирчевски, Мартин Ивановски, Бојан Гичев, Мартин Димовски, Томче Пецаковски.

Кон екипата на Еурофарм Пелистер 2 ќе бидат приклучени уште неколку членови на младинската екипа.

Еурофарм Пелистер 2 ќе се подготвува во Битола, ќе одигра серија на контролни натпревари, а ќе учествува и на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп. Останатите контролни натпревари ќе бидат дефинирани по дефинирањето на календарот за Првата лига 2024/25.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести