Екипата на Металург РА со победа против Шампион го започна прволигашкиот плеј-оф

Екипата на Металург забележа победа против Шампион со резултат 36-32 во 1. коло од плеј-офот во Првата лига.

Металург РА од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па на пауза замина со предност од 20-17. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Металург РА, па на крај да го совлада Шампион.

Најефикасен во тимот на Металург РА беше Дамјан Наумовски со 15 погодоци, додека кај екипата на Шампион најефикасен беше Илија Пејковски со 16 погодоци.

(фото – Рк Металург РА)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести