Екипата на Младост 1977 од Богданци ги започна подготовките за новата сезона со подмладен состав, каде во првиот тим приклучени се дел и од пионерите.
Под водство на Мите Стоилов, помошници Горан Паунков и Никола Роглев кои се задолжени за првиот тим, Перо Минев и Анита Туранова задолжени за младите категории стручниот штаб продолжува и оваа сезона.
На првата прозивка се појавија и новите засилувања кадетските репрезентативци голман Благој Панов и десен бек Давид Иванов. Поради репрезентативен настап на клалификациите во Рига на припремите недела покасно ќе се приклучи Антонио Николоски.
Екипата ја напушти Мите Караиванов, Саше Михајловиќ, Пешков Ристе, а Мите Стоилов од оваа сезона продолжува само како тренер. Тимот во преговори е со уште две засилувања, имиња кои доколку се постигне договор дополнително ќе бидат објавени.
Веќе закажани се и три подготвителни натпревари против Рк Радовиш, Рк Вардар Неготино и Рк Астраион, а тимот го очекува и меморијален турнир Гоце и Томе на 27 ми август каде учесници ќе бидат екипите на Рк Младост 1977, Рк Голден Арт Скопје, МРК Куманово и РК Овче Поле од Свети Николе.

(фото-Рк Младост 1977 Богданци)📷