Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет од Свети Николе ги започна подготовките за вториот дел од сезоната во Женската Прва лига.
Тимот на Овче Поле Славјански Универзитет подготовките ќе ги одвива на домашен погон, каде ќе одигра и неколку пријателски натпревари.
Ростерот на тимот останува ист, како во првиот дел. Составот на Овче Поле Славјански Универзитет се наоѓа на третото место на табелата во Женската Прва лига со освоени 16 бодови.
(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷











