Ракометарите на Охрид по кратката пауза за новогодишните и божиќните празници денеска ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната.
ГРК Охрид ќе ги доигра првенствените дуели и дуелите во Купот на Македонија (каде што после подолг период е носител), па во април и мај следува разигрување за шампионската титула во плеј-оф и борба за освојување на Купот на Македонија.
Денеска на повикот на стручниот штаб на ГРК Охрид на располагање беа сите ракометари, како и новото бразилско засилување Винициус.
“Екипата првиот дел од подготовките ќе ги обработува во Охрид, па потоа од 23ти до 29ти “Гладијаторите” се на припреми во Белград, Р.Србија, каде што ќе учествуваме на силен турнир, “Трофеј Вук Рогановиќ”, каде што освен ГРК Охрид ќе учествуваат и екипите на РК Партизан и РК Панчево од Србија, како и екипата на РК Нексе од Хрватска. По турнирот ќе ги одмериме силите и со РК Металопластика Шабац и шампионот на Србија, екипата на РК Војводина. Пред почетокот на вториот дел од првенството во Охрид ќе ни гостува екипата на РК Куманово”, – изјави спортскиот директор на ГРК Охрид, Славчо Ристески.
(фото – ГРК Охрид)📷