Екипата на Охрид е шампион во пионерската лига во машка конкуренција, откако во финалето ја совлада екипата на Еурофарм Пелистер 2 со резултат 21-12.
Во натпреварот за третото место, односно за бронзата тимот на Вардар славеше против Алкалоид со 24-18.
Во првото полуфинале екипата на Охрид славеше против Вардар со високи 33-20, додека Еурофарм Пелистер 2 забележа победа против Алкалоид со 19-15.

(фото – РФМ)📷