Екипата на Охрид забележа висока победа против екипата на Струга со конечни 31-23 на Струшкиот турнир.
Составот на Охрид во текот на целиот натпревар имаше водство, па на крај да слави победа против Струга. Најефикасен кај Охрид беше Кукуловски со осум гола, додека кај Струга најефикасен беше Мечкароски со седум гола.
Тимовите на Бутел Скопје и Раднички Крагујевац одиграа нерешено со конечни 32-32 на турнирот во Струга.
Најефикасен во екипата на Бутел Скопје беше Субашевски со шест гола, додека кај Раднички Крагујевац најефикасен беше Маљевиќ со осум гола.
(фото – Кочо Сотировски)📷