Екипата на Охрид покрај тренинзите и подготовките за вториот дел од сезоната има време и за прослава на празниците во новата година.
Тимот на Охрид, кој е на подготовки во Србија ја прослави Василица. Најсреќен беше ракометарот на Охрид, Илија Трајчески.
“Прослава на Василица во семејството на ГРК Охрид. Илија Трајчески, нашиот најмлад член беше најсреќниот. Му посакуваме добро здравје и успешна сезона”, – објавија од ГРК Охрид на социјалните мрежи.


(фото – ГРК Охрид)📷








