Екипата на Прилеп се избори за нерешено на гостувањето кај екипата на Куманово со резултат 26-26 во плеј-аутот од Супер лигата.
Иако на полувреме Прилеп имаше предност од 14-12, сепак на крај натпреварот заврши нерешено.
Најефикасни во тимот на Куманово беа Огњен Радојиќиќ, Наум Костов и Уча Гамзардија со по пет гола, додека кај екипата на Прилеп најефикасен беше Денис Шабановиќ со десет гола.
(фото – Рк Прилеп)📷