Екипата на Прилеп успешно организираше мини турнир во пионерска конкуренција (ФОТО)

Изминатиот викенд се одржа мини турнир во пионерска машка и женска конкуренција каде домаќин беше екипата на Прилеп.

За време на турнирот, имаше многу дружење помеѓу ракометарите, но и со по некоја искра на теренот. Од овој турнир сите натпреварувачи се здобија со позитивно искуство и притоа ги развиваа ракометните вештини.

“Турнирот помина во најдобар ред и укажуваме голема благодарност до сите присутни екипи”, – објавија од Рк Прилеп.

Во машка пионерска конкуренција учествуваа екипите на Прилеп, Младост Богданци, Филип од Прилеп и Аминтио од Грција, додека во женска конкуренција учествуваа екипите на Деспина, Аминтио и Филип.

(фото – Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *