Екипата на Слатина ја донесе младата ракометарка Ана Радовиќ од Црна Гора

Екипата на Слатина од Романија, продолжува да го креира составот за новата сезона, каде екипата има високи амбиции.

Тимот на Слатина се засили со младата ракометарка Ана Радовиќ, која има 20 години, и доаѓа од екипата на Улцињ.

Таа во екипата на Улцињ ја доби наградата за најдобар стрелец, откако постигна повеќе од 220 голови. Радовиќ настапува и за младинските репрезентации на Црна Гора.

(фото – ЖРК Слатина)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.