Екипата на Спартак во новата сезона со нови играчи, тренери и нов спонзор

Женскиот Клуб Спартак, во новата сезона во Женската Супер лига ќе влезе со зголемени амбиции.

Спартак доби нови тренери, нови ракометарки, но и нов спонзор. Нов спонзор на Спартак ќе биде Универзитет Скопје.

За таа цел, овој клуб во иднина ќе го носи името Женски ракометен клуб “Спартак- Универзитет Скопје”.

“Честа е наша што ќе помогнеме на уште еден македонски спортски клуб, изјави Ректорот на УТМС, проф.д-Аце Миленковски и додаде: “Македонскиот ракомет и воопшто македонскиот спорт заслужува многу повеќе од моменталните состојби. Секоја нивна победа е и моја, но и на Универзитетот и на целиот македонски народ. Универзитет Скопје продолжува да вложува во иднината на оваа држава во рамките на своите можности”, – изјавија од Универзитет Скопје.

(фото – ЖРК Спартак)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.